1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Корона криза - бродови за крстарење чекаат на рециклирање

ЖА /ДВ
15 октомври 2020

Настанаа тешки времиња за големите бродови за крстарење. Од последиците на пандемијата на коронавирус страда целата економија, но посебно е погоден туризмот.

https://p.dw.com/p/3jxPk
BdTD | Türkei Izmir | ausrangierte Kreuzfahrtschiffe
Фотографија: Umit Bektas/Reuters

Крстарењето на големите поморски колоси инаку нуди секаков можен луксуз, но богатата, воглавно постара клиентела во доба на пандемија на коронавирус порадо одморот го поминува на копно.

Поради тоа, вишокот на капацитети во оваа бранша, како овие бродови за крстарење всидрени во турското пристаниште Измир, мора да се рециклира. Некогашните луксузни бродови ќе се претворат во суровини за индустријата.