1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија- лидер во растот на ноќевања

СН/ агенции
24 јануари 2019

Македонија во минатата година имала убедливо најголем процентуален пораст на бројот на ноќевања во Европа, соопшти Евростат. Порастот во однос на 2017 година изнесувал дури 18,9 насто.

https://p.dw.com/p/3C2qV
Bildergalerie Skopje
Фотографија: DW/A. Feilcke

Според податоците на статистичката агенција на Европската унија , кои се однесуваат на земјите од ЕУ, од европскиот економски простор и државите кандидати за членство, во Македонија во 2018 година биле забележани вкупно 2,2 милиони ноќевања. Од нив бројот на ноќевања на странски гости изнесувал 1,5 милиони а на македонските граѓани околу 700 илјади.

Во апсолутни бројки тоа е капка во море во споредба со оние 467 милиони ноќевања забележани во Шпанија, која е на првото место во статистиката на Евростат според вкупниот број на ноќевања. Но според забележениот раст во однос на 2017 година, Македонија е убедливо на првото место. Кај ноќевањата на странци тој дури изнесува 22 насто а кај домашните 13 проценти.