1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Менување на таблите на границата

ЕМФ
13 февруари 2019

Преспанскиот договор со кој се решава спорот за името стапи во сила вчеравечер. Со тоа Република Македонија формално стана Република Северна Македонија.

https://p.dw.com/p/3DGUr
Nord-Mazedonien Schild an der Grenze zu Griechenland bei Gevgelija
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Македонската влада ја задолжи Царинската управа да го промени името на таблите на граничните премини и на двата аеродрома во Северна република Македонија во рок од три дена. Тоа, според соопштението на Царинската управа, ќе биде направено прво на граничниот премин Богородица, денеска во 13 часот.