1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Метеорски дожд

11 август 2018

Доцното лето е време на Персеиди — метеорски дожд што се појавува секоја година во јули и август од соѕвездието Персеј. Годинава, според астрономите, на небото се очекуваат двојно повеќе метеори од обично.

https://p.dw.com/p/32zyF
Perseiden Sternschnuppen
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Reinhardt

#ФотографијаНаДенот: овој метеорски дожд настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Персеиди метеорскиот дожд е активен од 17 јули па сѐ до 24 август, но кулминацијата редовно се случува на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час, оваа година ќе ги има двојно повеќе, велат астрономите. Не ја пропуштајте  спектакуларнат глетка на летното небо.