1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Направија бербат на Австрaлија Опен

СН/ агенции
19 јануари 2019

Фаворитите Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс штотуку се пласираа во осминафиналето на Австралија Опен. Нивните мечеви на првиот Гренд слем годинава, за среќа минаа без пречки од неканетите гости на терените во Мелбурн.

https://p.dw.com/p/3Bp1t
Tennis - Australian Open BdTD
Фотографија: Reuters/A. Song

Тоа беше најдоцниот почеток на еден Гренд слем меч во тениската историја. Една од причините: бербатот кој го направија галебите. Дури во 00:30 Гарбиње Мугуруза и Јохана Конта можеа да го започнат својот дуел на Австралија Опен. Кога стана јасно дека двата претходни дуела ќе се одолговлечат, двете дами требаше да се преселат во друг терен . Но, со оглед дека чистењето на празниот терен од валканиците од љубобитните галеби ќе траеше предолго, тие мораа да го чекаат завршетокот на претходниот меч.