1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Најголемата свеќа во светот?

СН/ агенции
24 ноември 2018

Наводно е најголема во светот. Но сигурно не е вистинска. Сепак е главна атракција на божикниот панаѓур во германското место Шлиц.

https://p.dw.com/p/38nXj
Eröffnung des Schlitzer Weihnachtsmarkts mit größter Kerze BdT
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Arnold

Висока е 42 метри и мештаните ја рекламираат како најголемата свеќа во светот. Во суштина станува збор за 36-метри висока камена кула  во историскиот центар на Шлиц која секоја година за отворањето на божикниот панаѓур се „пресвлекува“ со црвено платно а на нејзиниот врв се поставува шест метри висок „пламен“ од сијалици. Најголемата свеќа на светот ќе го осветлува панаѓурот сѐ до Божик.