1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дизајн

Фотографија на денот: Недела на модата во Њујорк

13 февруари 2020

Букет од рози како украс на главата - розите се од штоф, а креацијата е дел од колекцијата на Марк Џекобс прикажана вчера, на крајот на Неделата на модата во Њујорк.

https://p.dw.com/p/3XhKc
BdTD USA New York Fashion Week
Фотографија: Reuters/I. Solomon

Големото модно шоу годинава помина во знакот на прашањето - дали овој настан сѐ уште е во чекор со времето. Дотолку повеќе што од година во година се намалува бројот на големи имиња од светот на модата кои се присутни во Њујорк. На пример, оваа сезона впечатливо беше отсуството на Ралф Лорен, а освен тоа го немаше ниту Том Форд, кој се одлучи да презентира во Лос Анџелес, како и Томи Хилфигер, кој својата колекција ќе ја презентира во Лондон. Покрај дизајнерите, во Њујорк во публиката сѐ помалку ги има и славните и богатите. Нивните места во првите редови ги заземаат инфлуенсерите, кои и онака повеќе се грижат за рекламирање на своите канали, отколку на она што се случува на модната писта.