1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очи и уши на тајната служба

СН/дв
23 јуни 2022

Повеќе моќ за тајната служба? Во Романија расте отпорот против планираната реформа на безбедносните закони.

https://p.dw.com/p/4D6Qz
BdTD Rumänien | Protest gegen Sicherheitsgesetze
Фотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Во Романија одамна се минати деновите на страшниот Секуритате, но деновиве кај многу граѓани се враќаат сеќавањата на мрачните времиња на семоќната тајна служба. Десетици активисти креативно протестираа пред владата во Букурешт поради најавените измени на Законот за национална безбедност, со кои се дава поголеми овластувања на Романската разузнавачка служба (СРИ), која вклучува обврска на граѓаните и компаниите да ја поддржат таа служба доколку го побара тоа од нив.