1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Овен на автопат

7 септември 2018

Овен избеган од фарма во близина на Лудвигсбург се нашол на автопатот 81 (Штутгарт-Хајлброн). Дали се мисли пред сообраќајните патокази по кој пат да трге?

https://p.dw.com/p/34SQl
BdT - Schafbock büxt aus und rennt auf Autobahn
Фотографија: picture-alliance/dpa/Polizei Ludwigsburg

Дали овенот на нашава #ФотографијаНаДенот се мисли пред сообраќајните патокази по кој пат да трге? Тој дефинитивно го згрешил патот, по бегството од една фарма во близина на Лудвигсбург, се нашол на автопатот 81 (Штутгарт-Хајлброн), предизвикувајќи обемна полициска акција и блокирање на сообраќајот. Фатен е со здружени сили од полицајците и возачите и вратен на сопственикот, кој тргнал да го бара.