1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Олдтајмерите сѐ поомилени

ЕМФ
21 мај 2019

Бројот на олдтајмери во Германија постојано се зголемува. До 1 јануари 2019 година биле регистрирани 536.515 возила постари од 30 години.

https://p.dw.com/p/3Io5P
BdT - Essen - Oldtimer VW Käfer Cabriolet von 1950
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Бројот на олдтајмери во Германија постојано се зголемува. До 1 јануари 2019 година биле регистрирани 536.515 возила постари од 30 години. Тоа се 58.765 олдтајмери повеќе отколку во годината пред тоа. Меѓу нив 88,5% се автомобили. Повеќе од една петтина од автомобилите се кабриолети. Најголемиот дел од олдтајмерите се стари помеѓу 30 и 39 години, но добри 19,3% се стари помеѓу 50 и 59 години, а 43.000 возила имаат повеќе од 60 години. Автомобилскиот сојуз на Германија оценува дека бројот на олдтајмери се зголемува поради тоа што се зголемува и вкупниот број автомобили во земјата.

На #ФотографијаНаДенот - Фолксваген бубачка кабриолет од 1950 година на саемот на олдтајмери и јангтајмери „Техно Класика“ во Есен.