Фотографија на денот: Отворање на патот за 30-та членка на НАТО

НАТО денеска ги започнува подготовките за отворање на патот за прием на 30-та членка на Северноатлантската воена алијанса. Во Брисел амбасадорите на членките на НАТО ќе го потпишат Пристапниот протокол за Македонија.

По потпишувањето на протоколот приемот на новата членка под новото име Северна Македонија мора да биде ратифициран во парламентите на 29-те земји од НАТО. Доколку ратификацијата како во случајот на Црна Гора трае околу една година, Македонија официјално би станала членка на Северноатлантската воена алијанса во 2020 година. Дотогаш земјата ќе може како гостин, без право на глас, да учествува на средбите на НАТО и политички и воено ќе стане дел од системот и процедурите на Алијансата. 

Македонија и нејзините воени сили- на #ФотографијаНаДенот е почесната гарда на АРМ- се „зрели“ за членство речиси 11 години. 
Денешното потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел следува по ратификацијата на Преспанскиот договор во парламентите во Скопје и во Атина, со што се отстранува грчката блокада на приемот на Македонија које е во сила од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. 

Договор за решавање на спорот за името

Потпишување

Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.

Договор за решавање на спорот за името

Роденден

Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.

Договор за решавање на спорот за името

Вратоврска

Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.

Договор за решавање на спорот за името

Договорот зачинет со македонска храна и вино

Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.

Договор за решавање на спорот за името

Протести во Скопје

Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.

Договор за решавање на спорот за името

Се протестира и во Грција

Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.

Договор за решавање на спорот за името

Уште многу работа

Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.

 

Теми