1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Песочна бајка

13 јули 2018

Австралискиот уметник Кевин Крафорд ја направи најубавата песочна скулптура на Фестивалот кој се одржува во „Расцветан барок“, градината на дворецот во Лудвигсбург.

https://p.dw.com/p/31N6Y
BdT mit Deutschlanbezug 11.07.2018 - Sandskultpur in Ludwigsburg
Фотографија: picture alliance/dpa/M Murat

Огромната тридимензионална книга со бајки на #ФотографијаНаДенот е најубавата песочна скулптура на Фестивалот за песочна уметност, кој се одржува во „Расцветан барок“, градината на величествениот дворец во Лудвигсбург, во германската покраина Баден Виртемберг. Таа е дело на австралискиот уметник Кевин Крафорд, а ги воодушеви подеднакво и публиката и жирито. Изложбата на која учествуваат странски виртуози во правење песочни фигури трае до 30. август.