1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Планините се важно природно богатство

11 декември 2019

11 декември е Светски ден на планините, прогласен од страна на ОН во 2003. година. Денот треба да ја подигне свеста за проблемите на планинските предели и да укаже на начините на кои може да се профитира од нив.

https://p.dw.com/p/3Ua1o
BG Internationale Tag der Berge l Watzmann, Chiemgau
Фотографија: picture-alliance/Dumont/C. Baeck

Планинските региони оставаат впечаток не само со своите прекрасни пејзажи, туку претставуваат природен капитал  и средина за важни еколошки системи.

Шар планина- незаштитена природна тврдина

Тие особено сензитивно реагираат на последиците од промената на климата. Еден од најважните планински региони во Европа се Алпите. Температурите таму растат побрзо од просекот во светот, со катастрофални последици за флората и животот на луѓето и животните. Оттаму, овој регион се смета за систем за рано предупредување од климатските промени и природна лабораторија за мерките за прилагодување кон изменетата клима.