1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пластична тепалка за муви

СН/ агенции
19 јули 2018

Со пријавувањето на пластичната тепалка во Германскиот завод за патенти пред 65 години шансите за преживување на мувите, комарците и други летечки инсекти рапидно се намалија.

https://p.dw.com/p/31iw3
Deutschland BdT | Patentanmeldung Fliegenklatsche 1953
Фотографија: picture-alliance/dpa/Foto: Deutsches Patent- und Markenamt

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа цртежот на тепалката за муви од пластика на пронаоѓачот Ерих Шум во пријавата кај заводот за патенти во Минхен доставена на 25 јули 1953 година. 65 години подоцна практичниот убиец на инсекти може да се наде во сите можни форми и бои. Пластичната тепалка за муви е неизоставен дел од секојдневието на луѓето ширум светот.