1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Фотографија на денот: „Потонат“ автопат

15 февруари 2018

На автопатот А20 кај Трибзес во германската покраина Мекленбург-Предна Померанија, пропаднати се двете ленти. Причина е веројатно мочурливото тло на кое е изграден автопатот.

https://p.dw.com/p/2siqE
BdT Loch in der Ostseeautobahn wird immer größer
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Дупката на автопатот А20 кај Трибзес во германската покраина Мекленбург-Предна Померанија, која почна да се создава есеноска, постојано се проширува, од 45 метри, во меѓувреме е проширена на 95 метри. Како што се гледа на #ФотографијаНаДенот, пропаднати се двете ленти на автопатот, а обидот за санирање се покажа неуспешен. Причина е веројатно мочурливото тло на кое е изграден автопатот.