1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Почина легендарниот „морнар бакнувач“

СН/ дв
19 февруари 2019

Џорџ Мендонса стана познат преку една од најпрочуените фотографии од крајот на Втората Светска Војна. „Морнарот бакнувач“ почина на 95 годишна возраст.

https://p.dw.com/p/3DcsK
Kissing Sailor Küssender Soldat Times Square Kriegsende 1945
Фотографија: picture-alliance/akg-images/V. Jorgensen

Џорџ Мендонса , американскиот морнар кој беше фотографиран додека бакнува жена на њујоршкиот плоштад Тајмс Сквер на крајот на Втората Светска Војна почина од инфаркт во дом за старци два дена пред неговиот 96 роденден.

На легендарната фотографија тој е сликан како ја бакнува Грета Цимер Фридман, заболекарска помошничка во униформа на медицинска сестра на 14 август 1945 година- денот на капитулацијата на Јапонија.

Фотографијата која ја направи Алфред Ајзенштет стана една од најпрочуените фотографии на 20 век. Дури години подоцна беше потврдено дека Мендонса и Фридман во тој момент биле во врска.