1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Фотографија на денот: Најголем религиозен фестивал на светот

ЕМФ
15 јануари 2019

Во Индија денеска почнува најголемиот религиозен фестивал на светот - Кумба Мела. На #ФотографијаНаДенот хиндуистички Нага Садху (свет човек) пуши пред својот шатор во очекување на почетокот на религозниот фестивал.

https://p.dw.com/p/3BYV5
BdTD Bild des Tages Deutsch Kumbh Mela-Festival Indien
Фотографија: Reuters/D. Siddiqui

Кумба Мела е најголемиот верски празник на хиндусите - трае 45 дена, а во Алахабад, во северна Индија, се очекуваат до 100 милиони верници. Верниците тука ритуално ги мијат гревовите во реката Ганг. Празникот на хиндусите се одбележува на сливот на реките Ганг, Јамуна и Сарасвати (течение кое постои само во митологијата). Точните параметри се определуваат од страна на астролози, врз основа на позициите на Сонцето, Месечината и Јупитер.

На #ФотографијаНаДенот хиндуистички Нага Садху (свет човек) пуши пред својот шатор во очекување на почетокот на религозниот фестивал.