1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принудно продолжен распуст

СН/ агенции
21 јануари 2019

Уште два дена дома наместо во училиште. Засега. Зимскиот распуст за учениците во Македонија е принудно продолжен поради високото загадување на воздухот во земјата.

https://p.dw.com/p/3Bsnx
Mazedonien Luftverschmutzung in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Продолжениот зимски распуст е една од интервентните мерки и препораки на властите во Македонија за заштита на здравјето на граѓаните, откако земјата викендов уриваше светски рекорди во аерозагадувањето. Скопје имено во еден часот по полноќ во саботата беше најзагаден град во светот со енормно количество на ПМ10 честички во воздухот. Покрај поместувањето на стартот на второто училишно полугодие, во главниот град јавниот превоз е бесплатен, паркингот е двојно поскапен а итно се прекинати и активностите на градилиштата под надлежност на градската управа... Ситуацијата со аерозагадувањето не е многу подобра ниту во Тетово, Битола, Прилеп, Струмица...