1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Принудно слетување

ЕМФ
30 ноември 2018

Владиниот авион со кој германската канцеларка требаше да стигне на самитот на Г20 во Буенос Аирес вчеравечер принудно слета на аеродромот Келн/Бон

https://p.dw.com/p/39BBO
Deutschland Flughafen Köln/Bonn - Kanzlerin Merkel muss Flug zu G20 unterbrechen
Фотографија: Reuters/A. Rinke

Во Ербасот А340, како што се вели, комплетно откажал системот за комуникација. Поради тоа, леталото кое тргна од Берлин, мораше да слета принудно по нешто повеќе од еден час лет. Според медиумите, се поставувало дури и прашањето дали авионот воопшто е во состојба да слета без радио-врска.

„Рајнише пост“, повикувајќи се на владини кругови, пишува дека по вакви случаи се води истрага во „сите насоки“, па и околу можна криминална позадина на инцидентот. Од воената авијација денеска се тврди дека леталото е ставено на стандарна проверка и не се дава потврда дека се истражува и евентуална криминална позадина на случајот. Германската канцеларка ноќта ја мина во хотел со четири ѕвезди во Бон, а денеска со мала делегација заминува за Мадрид, од каде со редовен лет продолжува за Аргентина. Почетокот на Г20, веќе сега е извесно, ќе мине без Меркел.