1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путер како злато

СН/ агенции
4 ноември 2017

Само за една година цената на путерот во земјите од ЕУ порасна двојно.

https://p.dw.com/p/2n0tr
10 BG Das erwartet uns im September
Фотографија: Imago/CTK Photo

Новооткриената љубов на Кинезите и на Арапите за вкусот на путерот е само една од причините за драматичниот недостаток на овој ценет млечен производ во Европа. Полиците во супермаркетите во Франција, чија фантастична кујна е незамислива без путерот, овие денови често се празни. Во германските супермаркети путер има доволно но за цена која споредено со минатата година во истото време е најмалку двојно поголема.