1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Рекордна вселенска мисија на Кина

СН/агенции
16 октомври 2021

Тројца кинески астронаути полетаа кон вселената со ракета лансирана од космодромот Џиукуан во пустината Гоби. Тие треба да останат таму шест месеци. Тоа ќе биде најдолгата кинеска вселенска мисија со човечки екипаж.

https://p.dw.com/p/41l25
Launch of Long March-2F Y13 rocket near Jiuquan
Фотографија: Li Gang/Xinhua/picture alliance

Кина лансираше тричлен екипаж космонаути, односно тајконаути, како што се нарекуваат во Кина, на шестмесечна мисија на нејзината вселенска станица во изградба Тиангонг (Небесна палата), која, како што е планирано, би требало да постигне нов рекорд во должината на времето поминато во вселената. Ракетата „Долг марш-2Ф“ со вселенскиот брод „Шенжу-13“ е лансирана од космодромот Џиукуан во северозападната повинција Ганса во 12.23 часот навечер по локално време. Неколку часа подоцна тројцата тајконаути успешно пристигнаа на Тианхе- главниот модул на вселенската станица во изградба

„Шенжу-13“ е втора кинеска вселенска мисија со посада, а крајна цел е изградба на вселенската станица до крајот на 2022 година. По пристигнувањето на Тианхе, тимот ќе ја започне мисијата, со која всушност која ќе ја продолжи работата на првиот. Таа изведе две вселенски прошетки пред враќањето во средината на септември од својот 90 дневен престој во вселената. Во новата посада има двајца ветерани на вселенските патувања. Членови на посадата се Џаи Џиганг (55), Ванг Јапинг (41), единствена жена во мисијата е Је Гуангфу (41) која првпат патува во вселената.

Кина и темната страна на Месечината