1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

„Сабине“ ја парализира Германија

СН/агенции
10 февруари 2020

Зимскиот оркан „Сабине“ татне низ Германија. Повеќе луѓе беа сериозно повредени од паднати дрва. Возовите стојат, многу летови се откажани. Денеска екстремното невреме се очекува да беснее на југот на земјата.

https://p.dw.com/p/3XWh1
Sturmtief "Sabine" - Bochum
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сабина досега нанесе значителна штети, но за среќа не ја достигна силата на претходните зимски урагани. На многу места, луѓе се повредени во паѓање на дрва, најтешко во Зарбрикен каде едно лице е во животна опасност. Еден млад човек во Падерборн бил тешко повреден откако врз него паднала гранка.

Искорнатите и паднати дрва и гранки нанесоа и огромни материјални штети, за што сведочи и оваа #ФотографијаНаДенот направена во градот Бохум на западот на земјата. Паднато дрво го оштети и покривот на катедралата во Франкфурт на Мајна.

Невремето повремено беше проследено со виулици со орканска јачина од 140 километри на час. Имаше и обилни врнежи во делови од земјата.

Поради ризикот од паѓање стебла, керамиди, тули или слично, многу училишта низ Германија ги затворија своите врати денеска, а на вработените им беше советувано да работат од дома или воопшто да не работат.

Германската железница ги откажа сите возови со голема брзина кои сообраќаат на подолги релации. На патниците им се советува воопшто да не патуваат во понеделник и вторник доколку не треба. На поголемите железнички станици, патниците можеа да спијат во возовите, чекајќи сообраќај да се нормализира.

Поради паднатите дрвја, неколку автопати на северот и западниот дел на Германија беа затворени. Од аеродромите Минхен, Дизелдорф, Келн, Франкфурт и Штутгарт се откажани близу илјада летови.

На северот на Германија имаше проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Издадено е предупредување од поплави во Бремен и Хамбург.