1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Светска конференција за климата

ЕМФ
6 ноември 2017

„Планетата Земја на прво место“ пишува на лицето на младата девојка во Бон, каде денеска почнува двонеделната Светска конференција за климата.

https://p.dw.com/p/2n4th
Klimakonferenz Bonn Demonstrationen gegen Kohle
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Делегации од околу 200 земји во Бон ќе преговараат за конкретно спроведување на Парискиот договор за климата од 2015 година. Со напрегнатост се очекуваат потезите на САД, по најавата дека оваа земја се откажува од Парискиот договор. Земја домаќин Светската конференција за климата е Фиџи, но со оглед на тоа што островите не можеа да сместат 25.000 учесници, средбата се одржува во Бон, каде се наоѓа седиштето на Секретаријатот за клима на ОН.