1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски ден на тоалетите

19 ноември 2019

На денешниот Светски ден на тоалетите, ОН потсетуваат дека во многу региони во светот санитарните јазли се во исклучително лоша состојба.

https://p.dw.com/p/3THWe
Toilette Klo Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Asia

На ова „тивко место“ секој човек мора да отиде повеќепати на ден, но тоалетите се еден вид табу тема. Германската Организација за тоалети истакнува дека во светот 4,2 милијарди луѓе немаат сигурни и хигиенски санитарни простории, а околу 673 милиони луѓе своите физиолошки потреби мора да ги вршат на отворено - последица се болести како колера, тифус, полио или хепатитис. Една од глобалните цели претставува таа, до 2030 година сите луѓе во светот да добијат пристап кон безбедни тоалети и чиста вода.