1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Снегот и мразот не попуштаат

ЕМФ
11 јануари 2019

На нашата #ФотографијаНаДенот автомобил минува преку мост во регионот Унтертауерн, во Австрија. Мора да се признае дека снегот одлично си ја завршил работата, барем за фотографирање.

https://p.dw.com/p/3BLyv
BdTD Österreich Auto auf einer schneebedeckten Brücke
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Fohringer

На сите кои во Германија планираат викендот да го поминат некаде на друго место, им се препорачува: тргнете што е можно порано, или одложете го патувањето за сабота! Затоа што за денеска се најавува нов снег, кој подоцна ќе премине во дожд, а тоа на улиците значи - мраз и опасни услови за возење.

Снегот и мразот со денови ги држат цврсто во прегратка германската покраина Баварија и Австрија, а под товарот на снегот стенка и покраината Саксонија. Возовите доцнат или не возат, насекаде има предупредувања од лавини. Има делници кои се затворени за возење, или кои се отвораат повремено, кога тоа го дозволуваат временските прилики.

На нашата #ФотографијаНаДенот автомобил минува преку мост во регионот Унтертауерн, во Австрија. Мора да се признае дека снегот одлично си ја завршил работата, барем за фотографирање.