1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Фотографија на денот: Соларна велосипедска патека

ЕМФ
16 ноември 2018

Фотографијата е направена на првата соларна велосипедска патека во Германија. Тест-патеката се наоѓа во Ерфтштат, кај Келн, а долга е 90 метри.

https://p.dw.com/p/38K8s
Bildergalerie Innovative Radwege | Solarfahrradweg
Фотографија: Imago/J. Schüler

Соларната патека е опремена со специјални соларни плочки и секоја година би требало да создава 12 мегавати струја, соопшти Министерството за екологија.

Велосипедската патека може да создава електрична енергија, а назима да го топи мразот, со што ќе овозможува безбедно возење, уверена е министерката за екологија Свенја Шулце.

Идејата и реализацијата е на старт-ап фирмата Солмув од Потсдам. Плочките, како што вели производителот, се состојат од една соларна ќелија, комбинирана со цврсто стакло на површината. Солмув има за цел да гради соларни улици кои би ги снабдувале електромобилите со енергија во текот на возењето. Тестот во Ерфтштат треба да покаже како нечистотијата се одразува врз производството на енергија и како плочките реагираат на оптоварување.