1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Спасувачите во Албанија во трка со времето

28 ноември 2019

Трка со времето до изнемоштеност - спасувачите во Албанија, како овој човек во Туман, работат забрзано со цел од под урнатините да извлечат што е можно повеќе преживеани.

https://p.dw.com/p/3TrcS
Albanien Thumane | Schäden nach Erdbeben
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Shkullaku

До вчеравечер на спасувачките екипи им успеа од под урнатите згради да извадат 46 преживеани, соопшти Министерството за одбрана во Тирана. Во најтешкиот земјотрес во последните неколку децении, според официјални наводи, загинаа најмалку 29 лица, а повредени се околу 650.