1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Срце од рози

ЕМФ
28 јануари 2019

На #ФотографијаНаДенот срце од околу 800 црвени и една жолта роза кое го аранжира вработен на Меѓународниот саем на растенија (ИПМ) во Есен.

https://p.dw.com/p/3CIVT
BdT Deutschland Internationale Pflanzen-Messe
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch

Саемот заврши викендов, а новитетите во уредувањето на градини и друг надворешен простор, како и одгледувањето растенија ги прикажаа околу 1600 излагачи од 50 земји. Фокусот на еден од најголемите саеми од ваков вид во светот беше ставен на растенија кои се отпорни на суши и горештини со оглед на промените на климата во светот.

Во Германија тренд годинава се малите градини на балконите, со мини-тикви, мини-грашок и тиквички за на балкон. Но, прикажани се и специјални нешта како рузмарин за сауна. Тој мириса толку интензивно, што е навистина одличен за течноста која се налева во сауните. 

Инаку, статистиката вели дека во 2017 година секој Германец за растенија потрошил во просек по 104 евра, што е за три евра помалку од годината претходно.