1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Суперхерои на изборите во Индонезија

ЕМФ
17 април 2019

Очите не ве лажат - на изборите во Индонезија со гласачки ливчиња се расправаат и суперхерои!

https://p.dw.com/p/3GwCq
Indonesien Wahlen
Фотографија: Reuters/A. Foto

Членовите на избирачкиот одбор во Сурабаја, во провинцијата Источна Џава, подготвуваат гласачки ливчиња облечени во костими на суперхерои.

На претседателските и парламентарните избори, кои се одржуваат истовремено, право на глас имаат околу 193 милиони луѓе. Тие гласаат на околу 800.000 избирачки места, а за безбедноста се грижат околу 2 милиони полицајци, војници и други припадници на безбедносни служби. Престедателот на државата, Џоко Видодо се надева на победа над поранешниот генерал Прабово Субианто и на нов петгодишен мандат. Токму Видодо во изборната кампања ги користеше Авенџерс, односно суперхероите како средство да им се приближи на младите избирачи. Во Индонезија една третина од гласачкото тело се млади на возраст помеѓу 17 и 35 години.