1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Сушење чили пиперки

ЕМФ
7 декември 2018

Одозгора погледнато изгледа како убав волнен килим во прекрасна боја. Притоа, ниту е килим, ниту има врска со волна.

https://p.dw.com/p/39dBq
BdTD China Trocknung von Chilischoten
Фотографија: Imago/Xinhua

Ова се чили пиперки кои се сушат во селото Хуанглинг, во округот Јутиан, во Кина. Фармерите во Јутиан садат чили пиперки на површина од околу 800 хектари. Инаку, селото Хуанглинг се промовира себеси како најубавото село во Кина, а сместено е на 500 метри надморска височина, среде зелени планини.