1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фотографија на денот: Тагата на германскиот навивач

ЕМФ
28 јуни 2018

Овој навивач на стадионот во Казан едноставно нема сила да тргне, иако сите одамна ги напуштиле трибините.

https://p.dw.com/p/30S3l
FIFA Fußball-WM 2018 in Russland | Deutschland verliert gegen Südkorea - Enttäuschung
Фотографија: Reuters/J. Sibley

„Без зборови“; „Игравме лошо, без страст“; „Не заслуживме да одиме натаму“ - тоа се коментарите на германските навивачи по елиминацијата на германската репрезентација од Светското првенство во Русија. Играта на германскиот тим се анализира трезвено, па сепак - тагата е длабоко во срцата на фудбалската нација. Овој навивач на стадионот во Казан едноставно нема сила да тргне, иако сите одамна ги напуштиле трибините.