1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тага и гнев во Либан

ЖА
12 август 2020

Точно една недела по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, жителите на либанската престолнина организираа комеморација за жртвите и повторно го обвинија раководството за несреќата.

https://p.dw.com/p/3gpD8
Libanon Mahnwache für Opfer der Explosion in Beirut
Фотографија: Reuters/H. McKay

Во моментот кога пред седум дена во 18.08 часот одекна експлозијата, се огласија црковните ѕвона и молитвените повици од џамиите. Во близина на целосно уништеното пристаниште се собраа стотици во бело облечени луѓе, многу од нив носејќи транспаренти со имињата на своите загинати роднини и пријатели. На големо платно беа проектирани сцени од експлозијата и луѓето во панично бегство. „Нема да тагуваме, нема да носиме црно додека не ги собориме сите кои се на власт", изјави еден од говорниците. Бројот на жртви во меѓувреме се искачи на 171, повеќе од 6.000 луѓе се повредени, а околу 300.000 останаа без покрив над главата.

Повеќе:

Голема експлозија на бес во Либан

Луѓето во Бејрут сакаат „револуција“

Експлозијата во Бејрут: Зошто амониум нитратот е толку опасен?

Многумина Либанци го обвинуваат своето политичко раководство за несреќата, како последица на неговата некомпетентност и корупција. Според владините наводи, експлодирале 2750 тони амониум нитрат, кој со години бил складиран во хала во пристаништето без никакво обезбедување. Либанската влада во понеделникот поднесе оставка, но протестите на револтираните граѓани продолжуваат.