1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Тикви со корона-мотиви

28 октомври 2020

Есен во време на корона, со тикви изрезбани со мотиви кои се карактеристични за пандемијата.

https://p.dw.com/p/3kWh3
BG Halloween 2020 mit Covid-19 Motiven
Фотографија: Joel Lerner/Xinhua/picture alliance/dpa

Во Ботаничката градина во Чикаго до празникот Хеловин, ќе бидат изложени повеќе од илјада рачно изрезбани тикви. Тиквите се омилени и во Германија, и тоа не само во периодот пред и по Хеловин. Според најновите статистички податоци, во Германија минатата година тикви биле насадени на 4200 хектари површина (околу 6000 фудбалски игралишта), што е двојно повеќе од времето пред 10 години. Двојно поголемо е и количеството на собрани тикви - од 48.000 тони пред една деценија на 86.000 тони минатата година.