1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски ден на бегалците - трагичен рекорд

20 јуни 2018

Околу триесет милиони деца и младинци во светот се во бегство поради конфликти во нивните родни земји, соопшти Уницеф по повод денешниот Светски ден на бегалците.

https://p.dw.com/p/2zt9S
Tansania Weltflüchtlingstag 2018
Фотографија: DW/Prosper Kwigize

Од вкупно 68,5 милиони бегалци, колку што ги имало лани во светот, што е рекорд по Втората светска војна, речиси половината се помлади од 18 години. Младите бегалци се најранливата категорија, тие се изложени на најголеми опасности и стануваат жртви на трговија со луѓе, насилство и злоупотреби, предупредува Организацијата на ОН за помош на децата, Уницеф. На #ФотографијаНаДенот: дете-бегалец во Танзанија.