1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Трка низ пустината

ЕМФ
2 јануари 2019

Во пустината Лива, во Обединетите Арапски Емирати, преминот од старата во новата година се одбележува со фестивал на трки.

https://p.dw.com/p/3AscX
BdTD  Kamelrennen Abu Dhabi
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Sahib

 Учесниците на фестивалот шест дена  си ги одмеруваат силите во трки со автомобили, мотоцикли, соколи, коњи и - камили. „Ќе бидете вчудповидени од брзината која можат да ја достигнат овие животни, кои навидум изгледаат бавни“, гласи една од рекламите со кои емиратот ги повикува луѓето од цел свет да присуствуваат на спектаклот. Целта на фестивалот, инаку, е промоција на фолклорот во земјата.