1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Туш за кравите

27 јули 2018

Од жештината во Германија страдаат и домашните животни. Некои сточари во шталите затоа инсталираат вентилатори, а еден млекопроизводител има и поиновативно решение - туш за кравите.

https://p.dw.com/p/32Ak4
Kuhdusche beim Milchbauern
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hollemann

Високите температури во Германија не ги мачат само луѓето, туку и животните, жешко е и во шталите. Некои сточари затоа во нив инсталираат вентилатори. #ФотографијаНаДенот: млекопроизводителот Хелмут Еверс од Варенхолц, покраината Долна Саксонија, кој има 80 крави, разладувањето го дополнува со уште една „бањска“ атракција: туширање. Некои од кравите се плашат од тенките млазеви вода, вели тој, но најголем дел уживаат во туширањето, пред тушот секогаш има навала.