1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фотографија на денот: Уништена статуа на Ибрахимовиќ

ЕМФ
6 јануари 2020

Статуата на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, поставена пред стадионот на Малме ФФ, е повторно уништена.

https://p.dw.com/p/3Vkjc
Schweden Statue von Fußballstar Ibrahimovic in Malmö erneut beschädigt
Фотографија: Reuters/TT News Agency/J. Nilsson

Непознати лица ја исекле статуата над стапалата. Освен тоа, главата на три местри високата статуа била завиткана со црна маица, а на плочникот со спреј е напишано: „Отстранете ја!“. Ибрахимовиќ потекнува од проблематичниот кварт Росенгард во Малме и своите први години како професионален фудбалер ги помина во Малме ФФ. На крајот на ноември минатата година тој најави дека ќе стане сопственик на акции во стокхолмскиот клуб Хамарби ИФ, што предизвика голема лутина во Малме. Оттогаш статуата на Ибрахимовиќ, инаку поставена во октомври, е оштетена повеќепати.