Фотографија на денот: Хорор на „ноќта на вештерките“ на Менхетен

Нападот со возило врз цивили во американската метропола Њујорк однесе осум животи.

#ФотографијаНаДенот од теророт во Њујорк кој ги ужасна жителите на градот, кој ги преживеа нападите на 11 септември 2001 година. Загинатите во нападот се главно велосипедисти и пешаци, во кои со пикап возило влета 29-годишниот напаѓач .Полицијата успеа да го уапси и постојат силни индиции дека нападот има исламистичка заднина. Уште најмалку 11 лица се повредени. Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио говореше за „кукавички терористички акт“. Претседателот Доналд Трамп како реакција на нападот нареди заострување на контролите за влез во САД.

Now live
01:13 минути
Теми | 01.11.2017

Терор во срцето на Њујорк

Следете нѐ