1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Цветно срце за заболени деца

ЖА
16 јуни 2022

Да се види дури од вселената и да се апелира за грижа за децата со срцеви заболувања – тоа е намерата на ова цветно срце.

https://p.dw.com/p/4ClnY
BdTD Deutschland | Blühendes Herz als Zeichen für herzkranke Kinder
Фотографија: Arnulf Hettrich/IMAGO

Цветното срце на фондацијата КиндерХерц во германската општина Блауфелден, укажува на потребата за поддршка на децата со срцеви заболувања. Го сочинуваат милиони различни цветови на површина од околу десет хектари, само цветови булки има околу 12,5 милиони. Сеењето, одгледувањето и обликувањето на површината биле огромен потфат кој траел со месеци.

Само во Германија секоја година се раѓаат просечно 8700 бебиња со срцеви мани, но овие заболувања уште не се доволно истражени.