1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Фотографија на денот: Шок по убиството во Франкфурт

ЕМФ
30 јули 2019

Полицаец на франкфуртската железничка станица остава цвеќе по убиството на осумгодишното момче кое ја шокираше земјата

https://p.dw.com/p/3Mwbu
Attacke im Frankfurter Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Arnold

Напаѓач вчера го турна детето и неговата мајка од перонот на шините пред брз воз. Детето загина, мајката успеа да се спаси со тешки повреди. Едно осомничено лице, кое се обидело да турне и други луѓе на шините, е уапсено. Според истрагата, се работи за 40-годишен маж со еритрејско државјанство, кој наводно не ги познавал своите жртви. Осомничениот, кој живееел во Швајцарија, денеска ќе биде изведен пред истражен судија. Нападот во Франкфурт потсетува на случајот од Ферде, во германската покраина северна Рајна Вестфалија, од пред една недела, кога беше турната жена пред воз на една железничка станица. За тоа убиство е осомничен 28-годишен маж роден во Германија, со српски пасош и потекло од Косово.