1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

30 години од падот на Берлинскиот ѕид

9 ноември 2019

Денеска, на 9-ти ноември, се одбележува 30-годишнината од падот на Ѕидот во Берлин, настан кој ја промени Европа и светот.

https://p.dw.com/p/3SjkO
Berlin Maueroeffnung am Potsdamer Platz 1989
Фотографија: picture-alliance/AP

На централната манифестација во Берлин претпладнево ќе учествуваат германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларката Ангела Меркел, а како гости и повеќемина државници од Европа. Вечер претседателот Штајнмајер ќе се обрати на големиот собир организиран пред Бранденбуршката порта на кој се очекуваат илјадници граѓани. Падот на Берлинскиот ѕид беше вовед во повторното обединување на Германија по 41 година поделба на земјата.