1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе ја посети Сирија

Нина Веркхојзер4 декември 2006

Германскиот министер за надворешни работи на блискоисточна турнеја, на која претходно беше и во Либан и Израел

https://p.dw.com/p/AdvL
Од разговорите на Штајнмаер во Либан
Од разговорите на Штајнмаер во ЛибанФотографија: AP

Долго време Штајнмаер остви отворено дали на крајот од четиридневното патување ќе ја посети и Сирија. Тој веќе има едно искуство: во август буквално во последен момент го запре авионот на пистата пред полетување за Дамаск, по антиизраелскиот говор на сирискиот претседател Асад што го огорчи Штајнмаер и го наведе на заклучок дека разговорите би биле бесмислени. Сега тој прави втор обид.

За намерата да патува во Дамаск на разговори со сирискиот колега по функција, како и со претседателот на државата, германскиот министер исцрпно разговараше и со либанската и израелската влада, кои имаат крајно затегнати односи со Сирија. “Знам дека за контактите со Сирија исклучително контроверзно се дискутира не само овде, туку и во Израел. Но, и покрај тоа, сакам да се обидам да водам разговори за да сондирам дали има перспектива некаква промена на ставот на Сирија”, рече Штајнмаер.

Негова намера, вели тој, не е да настапи како посредник, туку на Сирија да и’ појасни дека и самата би можела да профитира од еден конструктивен став спрема соседите. Во тоа пред се’ спаѓа да го респектира суверенитетот на Либан. Влијанието во Либан, подршката за терористите, блискоста со Иран – таа политика доведе до далекусежна изолација на Сирија. За САД таа е држава од “оската на злото”, а од ЕУ во последно време само шпанскиот министер за надворешни работи и еден емисар на британскиот премиер се решија да го посетат Дамаск. Пред Германија во јануери да го преземе претседателствувањето со ЕУ, Штајнмаер сака да сондира која стратегија спрема Сирија би моќжела да ветува успех.

Неговата израелска колешка Ципи Ливни реагира резервирано во однос на планот на германскиот министер. Сирија го подржува радикално-исламистичкиот Хамас и е соодговорна дека тоа движење држи како заложник еден израелски војник, вели Ливни. Според неа, примирјето во појасот на Газа е шанса за приближување, иако Палестинците секојдневно го нарушуваат. Штајнмаер го споделува таквото мислење: “Слушнав за тоа дека примирјето најмалку во еден случај, но последните денови постојано е загрозено од испалување Касам-ракети. Поради тоа сакам изречно да го истакнам одговорното однесување на израелската влада, која тоа не го зема за повод самата да го доведе примирјето во колапс”.

Германскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека повторно ќе бидат можни директни разговори меѓу Израел и Палестинците и оти блискоисточниот квартет во наредните месеци пак ќе игра поголема улога во тој процес.