Франк-Валтер Штајнмајер

Франк-Валтер Штајнмајер, роден на 5 јануари 1956 година, е германски политичар кој е актуелен претседател на Сојузна Република Германија.

Штајнмајер е член на Социјалдемократската партија, има докторат по право и долги години го предводеше Министерството за надворешни работи, од 2005 до 2009 и од 2013 до 2017. Штајнмајер му припаѓа на десното крило на СПД, познато како реформистичко и умерено. Како шеф на кабинетот на поранешниот канцелар Герхард Шредер, се смета за главен архитект на контроверзните реформи на социјалниот систем познати под името „Агенда 2010“.

1 | 11