Франциско - папата кој урива ѕидови

Неговата мисија е - уривање ѕидови. Повеќе од пет години на чело на Римокатоличката црква, папата Франциско стана некој вид теолошка и политичка поп-ѕвезда.

Молитвата е политички чин. Посебно кај ѕидот на границата меѓу Мексико и САД. Папата Франциско отворено изјави: „Оној кој гради ѕидови наместо мостови, не е христијанин. Тоа не е според Евангелието.“

Со овие зборови, во текот на посетата на Мексико пред  три години,  папата ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за подигање нов ѕид помеѓу Мексико и САД.  На таа критика не влијаеше ни посетата на Трамп на Ватикан во мај минатата година.

Хорхе Берголио, 81-годишниот Аргентинец, веќе пет години е поглавар на Римокатоличката црква, како прв јужноамерикански папа. Само две минути по неговиот избор, едно беше јасно: овој папа „од другиот крај на светот“, како што тогаш се претстави самиот себе си Берголио, е поинаков од сите свои претходници.

Папата како Супермен - дел од графити-уметност во Рим

Да се надминат поделбите

И навистина: Франциско истовремено е политичен и пасторален. Се молеше за мир на ѕидот меѓу Израел и Палестина во Витлеем. Прифати бегалци во Ватикан. Го поддржа окончувањето на политичкото ледено доба меѓу Куба и САД. И им прости на жените кои абортирале.

„Франциско сака да ги надмине поделбите, а не да ги зацементира со ѕидови. Во тоа е многу политичен“, вели Бернд Клашка, бивш раководител на „Адвениат“, бискупска хуманитарна организација за Латинска Америка. „Во Латинска Америка Франциско имаше слична улога како Јован Павле Втори во Европа, кој придонесе за падот на Берлинскиот ѕид.“

Повеќе на темата: 

Папата посакува поскромна црква

Во Ватикан се зборува за пуч

Па дури и ако ѕидот меѓу Мексико и САД и натаму расте, во Колумбија и на Куба папата успеа да ги урне ѕидовите. Со умешно посредување меѓу конфронтираните страни се ублажени повеќегодишните судири и тензии. А посетата на папата на Централноафриканската Република во 2015. година доведе до примирје, а потоа и до слободни избори. 

Папата Франциско при посетата на Витлеем во 2014. година

Збогум Европо

Промени се видливи и во самата Католичка црква, иако не на прв поглед. Папата именуваше нови кардинали од Јужна Америка, Африка и Азија и ги зголеми овластувањата на националните и регионалните бискупски конференции.

Од вкупно 49 нови кардинали, повеќето се по потекло од земјите во развој, кои досега во Ватикан немаа преголемо влијание. Тие на идните избори за папа би можеле, по Франциско, на чело на Католичката црква да изберат и прв африкански поглавар.

Најмладиот член на кардиналскиот колегиум е Дједон Нзапалаинга, надбискуп од Банги, главен град на Централноафриканската Република. „Овој понтификс ја сака Африка“, одушевено раскажува надбискупот за Дојче веле. „Неодамна ги повика сите католици од светот да се молат за мир во Конго и во Јужен Судан.“ 

Најмладиот член на кардиналскиот колегиум - Дједон Нзапалаинга, надбискуп од Банги

„Династија папи од Третиот свет“

Дједон Нзапалаинга е иднината на Католичката црква. Тој во 2015. година, заедно со имамот Кобине Лајам, беше одликуван со мировна награда. Овие двајца духовници се залагаат за мирен соживот на припадниците на различни религии во Централноафриканската Република, земја во која со години беснее граѓанска војна. Соживотот е важно прашање и за самиот папа. Сепак, тој во поглед на ова прашање понекогаш и греши, на пример при посетата на Мјанмар на крајот на 2017. година.

За бразилскиот теолог Леонардо Боф, подмладувањето на кардиналскиот колегиум е доказ дека Франциско „основа династија на папи од Третиот свет“. „Овој папа ќе ја промени Католичката црква, тој внесува пролет во неа“, предвиде Боф непосредно по изборот на Франциско.

Франциско, „политичкиот папа“

Син на италијански доселеници

Хорхе Берголио (втор од лево) е роден на 17 декември 1936 година во аргентинскиот главен град Буенос Аирес како најстар син од четири деца. На 22 години младиот хемиски техничар пристапил на Редот на Језуитите и почнал студии по теологија и филозофија.

Франциско, „политичкиот папа“

Сочувствителниот надбискуп

Во 1998 година Берголио на 62 годишна возраст беше именуван за надбискуп на Буенос Аирес. Тој беше познат по тоа што се вози со метро, првенствено за да има можност да разговара со посиромашните луѓе.

Франциско, „политичкиот папа“

Habemus Papam

Во 2013 година Конклавата на кардинали го избра за 266. поглавар на Римокатоличката црква. Под името Франциско Први тој го наследи на функцијата папата Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече поради старост.

Франциско, „политичкиот папа“

Аргентински папа

Родениот Аргентинец е првиот Латиноамериканец кој е религиозен водач на околу 1,2 милиони католици во светот. Освен тоа, тој е првиот Језуит на оваа функција.

Франциско, „политичкиот папа“

Обични црни чевли

За разлика од неговите претходници, на Франциско не му е толку важен надворешниот изглед како папа. На пример, тој се откажа од познатите црвени чевли, кои неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти радо ги носеше заедно со официјалната папска облека.

Франциско, „политичкиот папа“

Понизност

За само три години на функцијата, папата Франциско веќе се профилираше со зголемен политички ангажман во однос на своите претходници. Оваа година, за време на Велигден, тој им ги изми и им ги бакна нозете меѓу другите и на бегалци. На манифестацијата на помирување, тој покани и тројца муслимани, кои порано произведувале оружје за терористите.

Франциско, „политичкиот папа“

Интеррелигиозност

Во 2014. година Франциско го посети Блискиот Исток, за да ја зајакне соработката со муслиманските духовници и да изврши мобилизација против прогонот на христијаните и другите верски малцинства во регионот. Во Турција тој му оддаде почит на основачот на денешна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во мавзолејот.

Франциско, „политичкиот папа“

Иницијативност

Во 2015 година папата ги посети САД и како прв поглавар на Римокатоличката црква се обрати пред Конгресот во Вашингтон. Франциско апелираше до американските политичари во прашањата поврзани со бегалците да се потсетат на своите доселенички корени и пледираше за укинување на смртната казна.

Франциско, „политичкиот папа“

Грижа за бегалците

Франциско повеќепати посетува бегалски логори, како на грчкиот остров Лезбос во почетокот на годинава. На враќањето од Грција, тој со себе во Ватикан поведе неколку бегалски семејства.

Франциско, „политичкиот папа“

Верски реалитет

И во својство на папа, Франциско го задржа интересот за секојдневните грижи и маки на луѓето. Тој се интересира за истражувањата и научните напредоци. На фотографијата е во посета на интензивно одделение за прерано родени бебиња во една римска болница.

Франциско, „политичкиот папа“

Отворање на црквата

Со реформски предлози и помирливи ставови во врска со хомосексуалноста, целибатот и ограничувањата во вршењето на свештеничката функција, Франциско иницира модернизација во црквата, често критикувана како несовремена и реакционерна.

Франциско, „политичкиот папа“

Екумена

Папата покани претставници на различни религии на мировен конгрес. Целта беше да се зајакне и заедничката соработка меѓу духовните водачи во борбата против тероризмот и верскиот фанатизам.

Франциско, „политичкиот папа“

Современ папа

Папата Франциско на Твитер го следат преку 10 милиони луѓе и според анкетите е поомилен отколку Барак Обама, Ангела Меркел или бројни други меѓународни политичари. Во трите години на функцијата, папата во секој случај придонесе да задуваат свежи ветрови во црквата.

Женети свештеници

Првото патување на папата во странство го одведе во Бразил, во Рио де Жанеиро, на Светскиот ден на младите во 2013. година. Сега се во тек подготовки за уште еден голем црковно-политички настан: за т.н. Амазонски бискупски синод, кој идната година ќе се одржи во Ватикан. Таму би можело да биде одлучено дали во иднина и женети мажи ќе можат да бидат свештеници.

Ублажувањето на целибатот, кој е во сила со векови, би претставувало револуција во Католичката црква. Токму затоа папата има сѐ поголем број противници. Тие сакаат да го спречат она што се нарекува „Копакабана-теологија“ - која менува догми и го доведува во прашање традиционалното црковно учење.

Габриел Чарлс Палмер Бакл, надбискуп од Акра, смета дека тоа е претерано. „Знам дека одделни конзервативци не се среќни поради велокудушните ставови на папата“, вели тој за Дојче веле, објаснувајќи дека Франциско само ги замолил бискупите и свештениците да покажат милосрдие. Зашто, како што истакнува надбискупот, „Црквата не им припаѓа на конзервативците, туку на сите.“


Поврзана содржина

Северна Македонија | 07.05.2019

Скопје го пречекува папата

Северна Македонија | 07.05.2019

Историска посета на папата во Скопје

Следете нѐ