1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Французите денеска решаваат за судбината на европскиот устав

29 мај 2005

Очите на европската јавност денеска се свртени кон Франција, чии граѓани одлучуваат за натамошната судбина на европскиот устав. Исходот од иѕјаснувањето е неиѕвесен поради големиот број неопределени гласачи. Од рано утрината низ целата земја се отворени грасачките места, а резултатите од рефеерендумот ќе се знаат по затворањето на гласачките места, некаде по 20 часот.

https://p.dw.com/p/AcFB
Ќе изгласаат ли да?- Млади Французи со пароли за Европскиот устав
Ќе изгласаат ли да?- Млади Французи со пароли за Европскиот уставФотографија: AP

Во Франција се уште е неиѕвесно- дали ќе се остварат предвидувањата од спроведените анкети дека граѓаните на земјата ќе ми пишат црно на документот кој политичката елита на Унијата го смета ѕа животно важен ѕа натамошната иднина на Европа, или пак, можно е да се случи иѕненадување, и исходот да биде поѕитивен?

Цела Франција денеска е преокупирана со Европскиот устав.

,, Луѓето не ѕборуваат за ништо друго, не само тука, туку и во цела Европа. На почетокот темата не беше толку актуелна, но откако врвните политичари почнаа за тоа да зборуваат, почнаа и самите граѓани, околу тоа дали треба да се биде ѕа или против,, вели еден француски продавач на весници, кој веќе тргнал на гласање.

,, Секако дека ќе гласам , согласно моето Убедуивање, ѕа еднои суверено Да,, вели тој.

Францускиот претседател Жак Ширак, кој го предводи таборот кој е за уставот, би бил среќен кога сите граѓани на неговата ѕемја би размислувале како продавачот на весници. Тој непосредно пред референдумот, ги направи последните обиди да објасни што е всушност уставоот и да ги ги натера скептичните Франциѕу да заокружат ,,да“ на гласачките ливчиња.

,, Една цврста Европа, која ќе истрае до крај. И затоа Европа мора да добие една цврста структура, одредени правила, кои ќе се усогласат со нашите правила, тоа е Европскиот Устав,“ посочи Ширак кој предупреди и на посдедиците доколку Уставот не биде иѕгласан.

,, Франција, барем за кратко, ќе престане политички да егзистира во Европа“. Но ваквите убедувања на Ширак, кој напомош ги повика и германскиот канцелар Шредер и шпанскиот премиер Запатеро, очигледно не успеаја да предомислат многумина од граѓаните.

,, Еден претседател на 450 милиони Европски граѓани, доа ме плаши. Тоа е хистерично, тоа е несериозно, , изјави денеска една Парижанка на пат кон гласачките места. И една млада девојка размислува слично на неа:

,, Ќе одговорам со едно големо НЕ. Темата е толку комплексна, а за неа има само малку информации,и затоа многмина се одлучуваат за Не против Ширак и неговата политика„ .

Но не сите раѕмислуваат така. Меѓу Французите има и оптимисти:

,, Мислам дека мноѕинството ќе изгласа за. Французите не се прости . Тие знаат што треба да се направи,, иѕјави еден случаен минувач. На планот на Еу, француското ,, не“ би требало да го ѕапре процесот на ратификација на уставот, но би можело и да предиѕвика верижна реакција во другите европски ѕемји, почнувајќи од Холандија, каде референдумот е закажан ѕа 1 јуни. Девет ѕемји досега го ратификуваа европскиот Устав, последна беше Германија. Ѕа да стапи на сила, документот до октомври 2006-та треба да добие виза од сите 25 земји членки на ЕУ.