1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фуере-Македонија да ги удвои напорите

25 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3DI

Постигнатиот компромис околу реформата на ЕУ , што ги потенцира приоритетите на Унијата особено во однос на приемот на нови земји , претставува порака до македонската влада да ги удвои напорите за исполнување на критериумите и на преостанатите реформи- смета амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере.

Тој денеска изјави дека постигнатата согласност на Самитот во Брисел е од витално значење за развојот на ЕУ и за идното проширување. Фуере притоа апелираше и до сите политички лидери во Македонија на состаноците што ќе ги имаат оваа недела да демонстрираат ист дух на консензус како и на средбата одржана минатата недела,. Тоа би испратило многу позитивна порака за решеноста на земјата да го продолжи процесот на интеграција во ЕУ-рече Фуере.