1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Халбауер: „Различни светови на Косово“

Вилма Филај Балвора/ Александра Трајковска2 февруари 2013

Од крајот на војната пред 13 години НАТО се грижи за безбедноста на Косово. Иако безбедносната ситуација е значително подобрена, сепак постои потенцијал за конфликти, вели за ДВ, командантот на КФОР Фолкер Халбауер.

https://p.dw.com/p/17X14
Фотографија: dapd

ДВ: Последните денови повторно имаше инциденти на Косово. Оштетени беа гробишта на српски граѓани. Оваа реакција има поврзаност со тензиите во Прешево каде од страна на српската влада беше отстранет споменикот на тамошното албанско малцинство. Како ги оценувате овие инцидетни?

Фолкер Халбауер: Овие случувања многу ме замислуваат, бидејќи покажуваат дека се’ уште на Косово постои висок потенцијал за конфликти. Ваквиот развој претставуваат опасност по безбедноста. Затоа апелирам до сите, а особено до оние кои носат политичка одговорност, да покажат неопходна внимателност во изјавите и акциите, за да не се наруши јасно видливиот позитивен развој од последните месеци.

ДВ: Од минатата есен Косово доби целосна самостојност од Меѓународната управувачка група. Резолуцијата 1244 се’уште е на сила. Врз основа на оваа резолуција Косово неможе да има сопствена војска. Какви перспективи има и кога Косово би можело да има сопствена армија?

Volker Halbauer
Командантот на КФОР Фолкер ХалбауерФотографија: Nato

Фолкер Халбауер: Иако со завршувањето на надгледувата независност, од агол на Косово дојде до одлучувачка промена, за мене како командант на КФОР ситуацијата не е променета, бидејќи сите ние живееме во различни светови. Постојат најмалку два света: Еден е светот на резолуцијата на ОН 1244, во кој живее КФОР и ја извршува својата задача, со цел и понатаму непартиски и без предрасуди да го поддржуава позитивниот развој на Косово. Со резолуцијата е утврдено дека Косово најпрво неможе да има војска. Вториот свет е реалноста која неможеме да ја игнорираме: а тоа е независноста на Косово.

Веќе многу години КФОР ги поддржува косовските безбедносни сили како организација која се грижи за безбедноста и редот на Косово и која помага во хуманитарни акции, при рсчистување на мините или во катастрофи.

ДВ: Северот на Косово се смета како простор меѓу два паралелни системи. Во која смисла беззаконието влијае врз вашата работа?

Фолкер Халбауер: Секогаш е ризично кога групации или елементи во еден регион имаат различни интерси. Тоа важи и за северот на Косово. Верувам дека мнозинството од населението тамо е заинтересирано да живее во безбедно опкружување кое ќе им донесе стопански напредок. Се разбира на северот дека има и елементи и организации кои не сакаат промена на ситуацијата. Организираниот криминал е активен. Верувам дека токму тие елементи, ако тоа би било во нивен интерес, не би се воздржале од натамошни мерки кои би можеле да ја загрозат и безбедноста на КФОР.

ДВ: Дали гледате можност северот на Косово во догледно време да биде интегриран во структурите на косовската држава?

Фолкер Халбауер: Ќе видиме како ќе продолжи дијалогот на политичко ниво, како Приштина и Белград ќе постигнат спогодба. Од тоа зависи дали ќе успее тоа. Не е мое да оценувам во кој обем тоа треба да се случи. Јас само можам да ги повикам двете страни да пронајдат заедничко решение за Косово и со тоа на сите луѓе на Косово да им овозможат подобра иднина.