Хамас

Хамас е палестинска сунитско-исламска фундаменталистичка организација, која многу држави во светот ја сметаат за терористичка организација.

Хамас е составена од социјално и воено крило. По преземањето на Појасот Газа во 2007 година, организацијата е де-факто власт во регионот. Основана е во 1987 година по избувнувањето на првата Интифада, како крило на египетското Муслиманско братство. Ко-основачот на Хамас, Шеик Ахмед Јасин во 1987 година изјави дека целта на организацијата е ослободување на Палестина од израелска окупација и формирање на исламска држава на територијата на Израел, Западниот Брег и Појасот Газа.

1 | 14