1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамбургери од мувлосано месо

Мануел Езчеркез / Александар Методијев27 јули 2014

На некои гости во „Мек Доналдс“ и „Кентаки фрајд чикен“ во Кина отпосле ќе им се згади. Кинеските власти открија фирма доставувач на месо, која ги снабдувала рестораните со обработено мувлосано телешко и пилешко месо.

https://p.dw.com/p/1ChE4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Телевизиски снимки објавени во јуни оваа година предизвикаа истрага. Кинеската државна телевизија покажа како од очигледно делумно мувлосано месо се прават плескавици за синџири на ресторани за брза храна. Од оваа фабрика во Шангај доаѓаат ќофтиња и пилешко месо наменети за „Мек Доналдс“ и „Кентаки фрајд чикен“.

Санитарните инспектори со камери влегоа во фабриката за да направат инспекција. Тие земаа примероци од месото и се обидоа да ги ископираат контролните листи. Од нив произлезе дека на расипаното месо се лепеле нови етикети и се продавало како употребливо.

„Кога почнавме да ги копираме податоците, се’ беше во ред. Ја копиравме базата со податоци од мрежата на компанијата и таа беше прекината пред речиси да успееме. Мислиме дека серверот беше исклучен“, објасни еден од кинеските инспектори од „Шангајската служба за храна и лекови“.

Symbolbild Lebensmittelskandal Gammelfleisch China McDonalds Pizza Hut
Тајни видеоснимки открија што се случува при производството на месните производиФотографија: Reuters

Потоа се преминало кон ракописно пренесување на листите. Ако се потврди сомнежот, тогаш тоа би бил голем удар за „Мек Доналдс“ и „Кентаки фрајд чикен“. За двата ланци на ресторани Кина е екстремно значаен растечки пазар.

Откако беше откриен скандалот од страна на кинеската телевизија, фирмите добија наредба да го повлечат спорното месо од понудата.