1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамбургер е нов лидер во фудбалската Бундеслига

15 септември 2008

По саботниот триумф против Баер Леверкузен со 3:2, Хамбургер со десет освоени бодови се проби на врвот. Два бода помалку има Баерн Минхен кој на гости го декласираше повратникот во Бундеслигата, Келн, со 3:0

https://p.dw.com/p/FILB
Фудбалерите на ХамбургерФотографија: picture-alliance /dpa

Хановер конечно го скрши малерот. По точно 302 одиграни првенствени минути, тимот конечно се израдува на првиот гол во сезоната во дуелот против Борусија Менхенгладбах. За подобро враќање на самодовербата во редовите на Хановер, секако ќе влијае и конечниот резултат од мечот кој го добија со 5:1.

Првенецот, беше дело на унгарецот, Цаболш Хусти, кој во 32 минута ги израдува навивачите, кртако откако претходно промаши пенал. Хановер сега е дванаесети на табелата, а тренерот Дитер Хекинг е задоволен:

„ Бевме загреани да ги освоиме трите бода и по промашениот пенал, играчите уште еднаш кажаа дека тоа така не може да продолжи. Направивме уште еден чекор и тоа се исплатеше„

Интересни дуели во вториот дел на табелата

Разочараност секако владее во редовите на Борусија Менхенгладбах. Повторно без бод од гостувањето, тимот сега е на 15 позиција. Многу работа за тренерот Јос Лухукај:

„ Мораме да извлечеме поука од секој натпревар. Денеска посебно од престројувањето на играта и одбраната, бидејќи тука е проблемот. Мислам дека во второто полувреме одигравме добро во нападот, но во одбраната бевме лоши„

Во вториот неделен дуел Бохум ја совлада Арминија Билефелд со 2:0 и сега е на 11 место на табелата. Тренерот Марсел Колер е радосен по првата победа на неговиот тим во новата сезона:

"Се разбира дека сите сме радосни, ни олесна, но тоа не значи дека сите работи повторно се ставени во ред. Мораме и натаму да работиме. Веќе во наредното коло не очекува екстремно тежок натпревар во Котбус. Гледаме таму да освоиме бодови„ изјави Колер

За Арминија Билефелд поразот значеше претпоследно место на табелата со само два освоени бода. Тренерот Михаел Фронцек:

„ Мислам дека при примените голови се случија грешки кои можеа да се избегнат. На моменти имавме стандардна ситуација, на моменти, двајца против еден. Тоа се грешки кои се случија и со кои мораме да живееме. Но и покрај се сметам дека тимот добро реагираше„

Фаворитите го оправдаа епитетот

Дербито на колото беше во саботата во Дортмунд, каде Борусија и Шалке 04, одиграа возбудлив натпревар, кој на крајот заврши со нерешени, 3:3. Шалке и Борусија со по осум освоени бодови се наоѓаат на третата и четвртата позиција на табелата. Петти е Штутгарт со седум бодови, кој ремизираше без голови со Хофенхајм, кој со исто толку бодови е на осмата позиција.

Нерешено заврши и дуелот во Берлин, помеѓу Херта и Волфсбург, 2:2. Овие два тима остануваат на десетата односно осмата позиција на табелата. Вердер Бремен со победата против фенерџијата Котбус со 3:0 е девети и се чини дека излезе од кризата.

Фудбалските возбудувања изостанаа во Франкфурт каде домаќинот мораше да го одложи настапот против Карлсруе. Причина беше концертот на Мадона, по кој тревата на теренот мораше да биде сменета.